Филмот “Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, додека се снимал бил етикетиран како најскап филм на сите времиња, со буџет од 200 милиони долари, а потоа стана првиот филм во историјата кој заработи милијарда долари.
За филмот имало големи антикампањи кои траеле еден месец во кои се тврдело дека овој филм е “Ромео и Јулија на брод“ осуден на пропаст.
Љубовната приказна од филмот од 1997-та година сите ја знаат и нема човек кој не би помислил дека сè би било поубаво доколку крајот не беше таков... Верувале или не, тој бил поразличен само што бил исфрлен од монтажа, како што пренесуваат од страницата “Future Goals“.
Како што е вообичаено за снимањето на филмови, на крајот секогаш се снимаат неколку алтернативни завршни сцени, и во зависност од рекцијата на публиката на пробната проекција, се избира најдобрата.
Овојпат, Камерон се откажал од ваков крај затоа што проценил дека дијалогот не е најдобар како и тоа дека не се вклопува во останатиот дел од “Титаник“.
Погледнете сами тука и проценете дали режисерот бил во право.