Нова бомба на италијанскиот “Ла Верита“ - Заев барал од Русковска да ги одблокира 750.000 евра на Силјан Мицевски

Точка

20/10/2019

12:15

4.716

Големина на фонт

а а а

Се појавија нови информации од италијанскиот весник “Ла Верита“ во кои, како што тврдат тие, во случајот “Рекет“ поврзани се и премиерот Зоран Заев и шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

Од новите информации кои се појавија во италијанскиот весник тие тврдат дека Зоран Заев имал отворено барање кон Русковска за да одблокира 750.000 евра кои бизнисменот Силјан Мицковски своевремено ги уплатил за проектот за пензионерски домови, воедно парите биле уплатени на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска.

Како што знаеме од претходните информации, Лилјана Тодоровска тврдеше дека кога ги подигнала тие пари веднаш ги предала на претставниви на Меѓународниот сојуз.

Од “Ла Верита“ пишуваат дека за време на истагата на случајот “Рекет“ добиле потврда за сомнежот дека Управата за финансиско разузнавање, врз база на незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска.

Од УФР за ова кривично дело ја извезтиле обвинителката Русковска, како што налагаат законите, а таа веднаш можела да ја искористи својата функција за да започне истрага за наведениот случај.

Од италијанскиот весник, кои се повикуваат на информации од сведочењето на обвинителот Наум Пановски, тврдат дека наредниот ден Зоран Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите. Русковска веднаш му наредила на обвинителот кој што е задолжен за случајот да ги следи наредбите на премиерот Заев - пренесуваат од “plusinfo.mk“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг