Актерката на мета на критики бидејќи нејзиниот бренд шири страв од храна: “Бидете што послаби!”

Кармин

18/10/2019

09:42

2.160

Големина на фонт

а а а

Актерката Гвинет Полтроу го осмисли својот бренд “Goop” во 2008 година, кој има за цел да го промовира здравиот начин на живот.

Меѓутоа, таа се најде на удар на критики кога започна да дели совети со кои промовира “страв од храна”. Еден од написите објавени на сајтот им порачува на корисниците дека треба да имаат “најмала телесна тежина”. Ваквиот напис е дело на психологот Траси Ман, а нејзиниот колега од Кембриџ, научникот д-р Гилс Јео ѝ упатил остра критика. 


“Ова е опасна сугестија бидејќи луѓето ќе ја сфатат како порака дека треба да бидат што е можно послаби. Неодговорно е бидејќи идејата е подложна на погрешно сфаќање, особено за младите девојки кои имаат предиспозиции да развијат нарушување во исхраната”, изјавил д-р Гилс.

Тој додал дека не постои можност да се пресмета најмалата можна тежина со која можете да живеете, како и дека луѓето не треба да се плашат од храната и не треба да бидат преоптоварени со диети, пишува “Daily Star”.


“Goop e дел од причината зошто луѓето започнаа да се плашат да јадат”, додал тој.

Докторката Ман се обидела да се одбрани и подобро да го објасни изразот кој го употребила и нагласила дека тоа се однесува на најмалата можна тежина која можеме да ја имаме, а притоа да не држиме ригорозни диети и да имаме нездрави навики.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk