„Без дилема“ уште една безвременска композиција: Елена Петреска со никогаш поемотивна балада

Точка

17/10/2019

20:57

4.667

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка, Елена Петреска е една од многуте изведувачи кои се претставија на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Таа настапи во втората полуфнална вечер, а се претстави со композицијата „Без дилема“.

Како што веќе знаете, тимот на Точка беше таму, па, впечатоците за нејзиниот настап се навистина позитивни, бидејќи Петреска целата емоција ја остави на сцената.

Сепак, најверојатно публиката и жирото не го препознаа тоа, или пак можеби големата конкуренција влијаеше на конечната одлука Елена да не се пласира во финалето.

Но, било како, Петреска денеска и официјално ја објави песната на својот Јутјуб канал, а и сами може да се уверите „Без дилема“ колкава емоција покажува таа во самата композициа.

„Но, нема љубов како нашата,
И веднаш нека згине тагата,
Знам ќе помине сè“
, е дел од текстот на песната, позади која, како комплетен автор се потпишува Александар Масевски.

Инаку, настапот од макфестовската вечер сè уште не е објавен на нивниот официјален Јутјуб канал, но веруваме дека многу наскоро ќе биде достапен за јавноста, за да ја почувствувате сета емоција која Елена му ја пренесе на Штип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг