Сателитските снимки со висока резолуција покажуваат дека изградбата на кинескиот носач на авиони и на бродоградилиштата напредува.
Како што тврдат аналитичарите, тој брод ќе биде прв од неколку големи пловила кои ќе бидат произведени на тоа место. Иако тоа ќе биде третиот носач од домашно производство, ќе биде првиот со полна големина.
Снимките од бродоградилиштето Џанган надвор од Шангај се направени минатиот месец, а во медиумите ги проследил Центарот за стратешки и меѓународни студии - CSIS.
Satellite images reveal China's aircraft carrier 'factory,' analysts say: The images of the Jiangnan shipyard outside Shanghai were taken last month and provided to Reuters by the non-partisan Centre for Strategic and International Studies (CSIS). https://t.co/WiiMOvgXzW JPost pic.twitter.com/B8KXQwx4PN
— Jewish Community (@JComm_NewsFeeds) October 17, 2019
Аналитичарите од CSIS укажуваат на префабрикувани делови, прегради кои не пропуштаат вода и други компоненти направени во близина, според кои проценуваат дека трупот би требало да биде завршен во рок од 12 месеци, по што веројатно ќе биде префрлен во новонаправено пристаниште, каде ќе биде додека не биде целосно завршен.
Огромното ново пристаниште кај Јангценгјанг, долго речиси еден километар и со големи фабрики за производство на бродски делови, е речиси комплетно завршено. Со големината за многу го надминува постоечкото пристаниште во близина, каде биле градени уништувачи и други воени бродови.
"Гледаме бавен, но постојан напредок во изградбата на трупот, меѓутоа, тоа што мислам дека навистина изненадува е истовремената забрзана работа на околната инфраструктура", рекол аналитичарот Метју Фаниол и додал дека е тешко да се замисли дека сето тоа се гради само поради еден брод.
[NEW IMAGERY] Satellite imagery from Sept. 18, 2019, reveals progress on the construction of China’s third aircraft carrier and significant enhancements to Jiangnan Shipyard’s infrastructure since ChinaPower last analyzed the shipyard in May. https://t.co/dAQ9zZwtSO pic.twitter.com/vafLdOvwUg
— ChinaPower (@ChinaPowerCSIS) October 17, 2019
Воениот аналитичар од Сингапур, Колин Кох, вели дека модерната, наменски направена фабрика на слабо населениот остров Јангце може да биде побезбедна отколку бородоградилиштето Далијан на северот на Кина. Исто така, би можело да има соработка и меѓу комерцијалните и воените бродоградилишта.
Кинеската војска неодамна претставила четири големи брода од типот 055 и првиот голем носач на хеликоптер, познат како тип 075.
Се очекува бродот кој се гради да биде првиот кинески носач на авиони со рамна палуба и систем за лансирање на авиони со катапулт, што ќе му овозможи да користи поширок дијапазон на авиони и тешко вооружени борбени летала.
Првите два кинески носачи на авиони, наречени тип 001, се релевантно мали и можат да примат до 25 летала кои се лансираат од рампа вградена на палубата. Американските носачи во главно носат речиси четири пати поголем број на авиони.
Воените аналитичари веруваат дека носачите на типот 001 се изградени како платформи за обука за флота од шест носачи со полна големина, кои ќе бидат изградени до 2030-та година.