Американците нема наскоро да почнат со масовно производство на хиперсонично оружје: Главен проблем не е технологијата...

Точка

17/10/2019

20:33

3.041

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Lockheed Martin" го открила главниот проблем за развој на хиперсонично оружје.

Технологијата за производство на хиперсонично оружје повеќе не е главен проблем во Соединетите Американски Држави. 

Ерик Шерф, водечкиот индустриски експерт за хиперзвучна технологија од Lockheed Martin, рекол дека најголемиот предизвик за производство и интегрирање на хиперсонично масовно оружје ќе биде поврзан со ланците за снабдување потребни да се произведе ова оружје во големи количини, наведува "Breaking Defense".

Lockheed Martin, од своја страна, вели дека прави се што е во негова моќ за да обезбеди проток на материјали и инженери за развој на хиперсонично оружје во земјата.

Имајте на ум дека проблемот веќе погоди една од најважните програми на Пентагон, F-15, како и проектот за ракетите воздух-земја JASSM.

За американските сили, хиперсоничното оружје е дел од нивната стратегија за разнолико вооружување. Меѓутоа, намалувањето на потрошувачката за одбрана го нарушило програмскиот распоред. Шерф верува дека американската војска ќе добие свој хиперсоничен програм за вооружување до 2023-та година ако Конгресот усвои закон кој ги регулира трошоците за одбрана.

Соочен со ситуацијата, извршниот директор на Lockheed Martin, Мерлин Хјусон, ги уверувала инвеститорите дека Пентагон нема да ја намали набавката на авионите F-35, дури и по критиките на шефот на Одделението за одбрана.

Остри критики упатил и американскиот министер за одбрана Патрик Шенехан за високите трошоци за F-35, во споредба со поевтината варијанта која се продава по цена од 90 милиони долари по единица.

Според извори од министерството, Шенехан користел "лоши зборови" за време на состанокот во Пентагон на високо ниво, остро критикувајќи ја наведената програма поради неверојатните трошоци и застојот во изработката на авионот.

Меѓутоа, Хјусон искоментирал дека Пентагон разгледува купување на F-15 од Boeing, еден од главните конкуренти на "Lockheed" за воени договори, осигурувајќи компанијата да работи на намалување на трошоците за авиони на 80 милиони долари.

Американската програма "F-35 Fighter Development" која започнал во 1992-та година, најскапиот светски програм за вооружување, кој достигнал 1,5 милијарди долари до 2030-та година. Меѓутоа, експертите и политичарите тој програм широко го критикуваат поради трошоците, доцнењата и неуспесите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг