Британскиот парламент по 37 години ќе одржи седница в сабота

Точка

17/10/2019

19:41

1.321

Големина на фонт

а а а

Британските пратениците денеска гласаа за одржување на седница в сабота, што ќе биде прва одржана од 1982 година, за време на Фокландската војна на Велика Британија против Аргентина. На седницата во сабота, пратениците ќе гласаат за новиот договор за брегзит.

Велика Британија и Европска Унија денеска постигнаа нов договор за брегзит, што премиерот Борис Џонсон го оцени како „одличен“.

Се очекува Џонсон да има потешкотии при гласањето на договорот во Парламентот бидејќи против се северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува малцинската Влада, како и опозициските партии Лабуристички партија, Либералните демократи, Брегзит партијата и Шкотската национална партија.

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер денеска во Брисел по постигнувањето договор за брегзит ја исклучи можноста од какво било пролонгирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг