Маж од Тајланд (31) е осуден на рекордни 374 години затвор и 26.000 долари поради трговија со деца кои ги искористувал за подготвување порнографски материјал.
Тој е прогласен за виновен, бидејќи е утврдено дека намамил деца на возраст од 7 до 12 години, преку видео игри во својата куќа, каде снимал порнографски материјали со нив, а потоа ги продавал видео снимките преку апликација, соопштила полицијата, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, тоа е втор случај некој да е осуден на толку висока казна во Тајланд, бидејќи минатата година еден маж е осуден на 309 години затвор.