Откриена позадината на приказната за семејството кое 9 години живеело во подрум: Таткото е член на една позната секта, а ги заробил човек кој мислел дека поголем од Исус

Точка

17/10/2019

19:18

3.186

Големина на фонт

а а а

Приказната за семејството кое 9 години било заробено во холандското место Руинерволд, чекајќи го крајот на светот, станала уште побизарна.

Иако првобитно се мислело дека таму престојувал таткото со своите деца, се воспоставило дека целото семејство, поточно таткото и пет деца, во изолација биле држени од Австриецот Јозеф Брунер (58). 

Брунер, кого медиумите веќе го нарекле "Јозеф Австриски", некогаш припаѓал во култ и тврдел дека е подобар од Исус, вели неговиот брат Франц.

Уапсениот Брунер го запознал осамениот татко Гирт Ван Дорстен во бизарна секта во која се приклучил откако заминал од војска во 90-тите години.

Франц Брунер рекол дека неговиот брат живеел во заблуда и бил отуѓен од семејството откако се приклучил кон сектата.

Проблемите со братот почнале кога татко му ја предал фармата.

"Кога Јозеф дозна дека јас сум главен на фармата, бараше да почнам да му плаќам за услуги. Не бев во контакт со него 10 години. Кога последен пат го видов, му реков да не се враќа и дека не сакам да имам ништо со личности како него", рекол Франц.

Јозеф ги напуштил и ќерките близначки, а целосно ги игнорирал кога се обиделе да го контактираат во 2017-та година.

Не присуствувал ни на погребот на својот татко во 2015-та година, а кога мајка му починала пред 18 месеци, не одговарал на повиците на неговото семејство од Австрија.

Детективите се обиделе да откријат што го натерало Брутанер да го затвори Ван Дорстен и неговите деца, на возраст од 18 до 25 години, во тајна соба зад скалите на изолираната фарма.

Јозеф соседите го опишуваат како човек кој никогаш немал девојка, ниту ги поздравувал на улица.

Потсетуваме, семејството било пронајдено кога најстариот син Јан Ван Дорстен (25) во неделата отишол во бар во близина, нарачал пет пива и побарал помош.

Освен тоа, холандските медиуми пренесуваат дека семејството било дел од Муновата секта, исто како и Брунер.

Во куќата била пронајдена поголема количина на пари, така што се претпоставува дека од сектата редовно добивале пари за да се издржуваат, посебно откако таткото на фамилијата се разболел и станал неподвижен.

Инаку, сектата ја основал Јужнокореецот Сун Мјунг-Мун во 50-тите години.

Во 1965-та година култот се проширил и во Холандија. Членовите на црквата се многу затворени, ориентирани на себе и фокусирани исклучиво на семејството.

Иако Мун починал во 2012-та година, неговите следбеници, таканаречени муновци, и натаму се активни ширум светот и живеат од донации.

Сектата на Мун претставува моќна корпорација во чиј состав има црковни, политички, културни и образовни институции, медиуми, невладини и хуманитарни организации, хотели, фабрики и деловни гиганти ширум светот. Следбениците веруваат дека на Мун кога бил млад, му се појавил Исус Христос и го замолил да ја доврши работата со создавање на небесно кралство на земјата и да обезбеди светски мир.

Кога полицијата влегла во куќата, пронашла луѓе кои верувале дека во изолација го чекаат крајот на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг