Постојат различни фактори кои односот со мажите го прават поразличен во однос на сексуалниот однос со жените. Да се има сексуален однос со маж и со жена е целосно поразлично искуство, тврдат бисексуалците кои своите искуства ги споделиле на „Reddit“.
Корисник на „Reddit“, Блоб, поставил едно прашање на оваа социјална мрежа: „Која е разликата во сексуалниот однос со мажите, а која со жените?“
Во наредните 24 часа, добил 6.900 одговори и околу 1.800 лајкови. И мажите и жените тврдат дека има голема разлика во динамиката во зависност од тоа кој е во твојот кревет.
Мажите кои се подоминантни во секс со жените често се во потчинета позиција кога имаат сексуален однос со маж.
Од друга страна пак тука се поставува прашањето и за орален секс. Постои врежано мислење дека мажите се подобри во орален секс за разлика од жените. Мажит уживаат кога пружат орално задоволство и поради тоа се смета дека се подобри во тоа.
„На девојката треба да ѝ кажеш за да ти го пружи тоа задоволство додека пак на мажот сам ќе му текне да го направи тоа“ - напишал некој корисник на „Reddit“.
„Жените помалку осудуваат и притоа секогаш прашуваат дали нешто ми годи. Со жените можеш да разговараш за тоа и која поза најмногу ти одговара и како се чусвтвуваш и немам никакво чувство на вина што ми треба повеќе време за да го достигнам врвот“ - додала некоја девојка.
„Со мажите тоа повеќе е животински чин и менување пози. Жените сакаат да бидат покомуникативни во односот и секогаш кажуваат што им годи. Мажите го прават само она што нив им одговара“.
„Сексот помеѓу две жени секогаш содржи орален секс. Тоа не е правило, но едноставно се случува почесто отколку со мажите“.
Бисексуалците велат дека не е важно од кој пол е партнерот со кој имате сексуален однос затоа што сето тоа е индивидуална работа.
„Ги бирам своите партнери врз основа на страста и тоа како се согласуваме. Таа искра помеѓу луѓето многу е важна. Ги разбив сите предрасуди, имав див секс со жени и нежни долги ноќи со мажи и обратно“.
Вистнската разлика не се наоѓа во гениталиите туку во личноста и хемијата меѓу луѓето, бил заклучокот на бисексуалците на „Reddit“.