Џенифер го собори гинисовиот рекорд: Никогаш побрзо до милион!

Точка

17/10/2019

17:08

2.583

Големина на фонт

а а а

Првата објава на Џенифер Анистон (50) на Инстаграм, селфи со пријателите од популарната серија Пријатели, во средата ги воодушеви обожавателите, а фотографијата за помалку од еден ден собрала дест милиони лајкови, пренесуваат британсктие медиуми.

Селфито со Лиса Кудроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери, Анистон го објавила со информација дека актерската екипа неодамна се дружела во домот на Кортни.

„А сега сме и Инстаграм пријатели. Здраво Инстаграм“, напишала актерката.

Објавата привлекла толку големо внимание кај следачите со што повремено ја срушило страницата. Нејзиниот профил бил толку оптеретен што фановите во еден момент полуделе бидејќи не можеле да ја заследат ѕвездата.

„Свесни сме дека на одредени Инстаграм корисници не им било овозможено да го заследат профилот на Џенифер Анистон. Интересот за нејзиниот профил навистина е неверојатен“, рекол претставник на Инстаграм за странските медиуми.

Токму поради овие бројки, Џен влегла ни помалку ни повеќе - во Гинисовата книга на рекорди. Имено, на втората објава, каде се извинила за “рушењето“ на Инстаграм ѝ се обратил официјалниот профил на Гинисовите рекорди.

„Честитаме на рекордот, Џен! Провери го своето сандаче“, ѝ напишале.

Обожавателите веќе долго чекаат следна средба со актерите од популарната серија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг