Како што пренесуваат шпанските медиуми, Кралевите се подготвени да понудат 86 милиони евра за услугите на францускиот репрезентативец.
Мадридскиот клуб планира уште од јануари да ја започне реконструкцијата на тимот, а во Н'Голо Канте гледаат идеално решение за средината од теренот.
28-годишниот Канте во последните неколку сезони игра во врвна форма, со Челси и Лестер освои по една титула во Премиер лигата, со лондонскиот клуб ја освои и титулата во Лига Европа, а со репрезентацијата на Франција стана и светски шампион.
Сепак, не е познато дали Челси ќе бидат задоволни од таквата понуда и наводно од лондонскиот клуб ќе побараат околу 100 милиони евра за услугите на Канте.