Матеус: Ериксен е разочарување, доведете го Хаверц

Точка

17/10/2019

15:51

1.458

Големина на фонт

а а а

Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус смета дека Баварците не треба да го ангажираат Кристијан Ериксен кој е на излезните врати на Тотенхем.

Данецот игра очајно на почетокот на новата сезона, а тоа можеби најмногу се должи на тоа што со мислите е веќе далеку од Тотенхем. Тоа стана јасно откако минатото лето најави заминување, меѓутоа никој не покажа конкретен интерес за неговите услуги, па остаа во Лондон.

Сепак, Ериксен би требало веќе во јануари да го напушти Тотенхем, а досега неговото име се поврзуваше најчесто со Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен. Сепак, според Матеус, Баерн не треба да го ангажира данскиот репрезентативец.

„Ако не е добар за Тотенхем, тогаш не е добар ниту за Баерн. Го следам долго, но во 2019-та година ме разочара. Трансферот во Баерн не би имал смисол и би ме разочарал. На своето највисоко ниво, Ериксен не е играч кој може да направи разлика“, изјави Матеус и додаде:

„Следното лето Баерн треба најмногу да се фокусира на доведувањето на Каи Хаверц. Баерн и натаму го има Кутињо кој е одличен на позицијата „десет“ и не треба да го заборавиме Томас Милер кој игра во нападот. Не треба да му дозволиме да си оди. Меѓутоа стојам зад мојата изјава - доведувањето на Ериксен нема смисол“, изјави Матеус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг