„Роналдо е најдобар на сите времиња, а вториот е далеку зад него“

Точка

17/10/2019

15:44

2.200

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо неодамна го постигна 700-тиот погодок во кариерата, а неговиот агент Жорге Мендеш верува дека тоа е само уште еден показател дека Португалецот е најдобриот играч на сите времиња.

„Бројките не лажат, тие покажуваат какви рекорди руши Роналдо. Сето тоа го става во позиција на најдобриот играч во историјата на фудбалот, со голема разлика во однос на вториот“, изјави Мендеш и додаде:

„Погледнете ги сите успеси кои ги направи во клубовите во Англија, Шпанија и сега Италија. Со Португалија играше на три финалиња и победи на две. Сето тоа се факти кои укажуваат на тоа дека Кристијано е најдобар на сите времиња“, изјави Мендеш.

Кристијано Роналдо со 700-тиот гол се искачи на шестото место на вечната листа со најдобри стрелци. Пред него се Герд Милер (735), Ференц Пушкаш (746), Пеле (767), Ромарио (772) и Јозеф Бикан (805).



Спонзорирани линкови

Маркетинг