Кристијано Роналдо на Инстаграм заработува два пати повеќе од Меси, а во тоа е подобар и од Бекам

Точка

17/10/2019

17:22

2.245

Големина на фонт

а а а

Тие со години се борат за титулата најдобар играч на светот, а сега еден од нив однел убедлива победа.

Кристијано Роналдо конечно го надминал својот колега Лионел Меси, барем кога станува збор за заработката на Инстаграм. Ѕвездата на Јувентус само од Инстаграм минатата година заработила околу 45 милиони евра, што е двојно повеќе од Лионел Меси, пишува "Daily Mail".  

Роналдо далеку зад себе го оставил и Дејвид Бекам, кој заработил околу 10 милиони евра.

Кристијано на својот профил имал 34 спонзорирани објави кои му ги донеле сите пари. Меси објавил многу повеќе, но заработил двојно помалку.

Роналдо и Меси се наоѓаат на самиот врв на листата на најдобро платени лица на Инстаграм, а веднаш зад него се наоѓаат Кендал Џенер и Дејвид Бекам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг