Иднината е електрична: Volvo го претстави XC40 Recharge

Точка

17/10/2019

16:26

2.205

Големина на фонт

а а а

Новиот XC40 Recharge доаѓа со два мотори со вкупна сила од 300 kW, батерија која поддржува брзо полнење и овозможува автономија од 400 километри.

„Повеќе пати сме го кажале тоа - за Volvo, иднината е електрична“, нагласи извршниот директор на шведската компанија Хакан Самуелсон при претставувањето на електричниот XC40 Recharge.

Освен овој модел, најавено е и лансирање на бренд на електрични возила Recharge, а од Volvo ги открија и своите планови за намалување на емисијата на штетни гасови, што претставува нов голем чекор кон електричната иднина на компанијата.


Како што нагласи Самуелсон, стратегијата на Volvo е трансформација преку конкретни, а не симболични акции. Тие веруваат дека до 2025-та година околу 50% од понудата на Volvo ќе биде сочинета од автомобили со електричен мотор.

А, првиот чекор кон остварувањето на тоа е токму XC40 Recharge, модел за кој што сѐ уште не знаеме две важни работи - датум на почетокот на продажба и цена.


XC40 Recharge е направен на модуларна платформа која ќе ја користат и останатите електрични автомобили на Volvo, а доаѓа со два електрични мотори со вкупна сила од 300 kW. Батеријата од 78 kWh би требало да овозможи автономија од околу 400 километри, нешто што би требало да ги задоволи сите потенцијални корисници. Исто така, поддржува и 150 kW DC брзо полнење.

Што се однесува до перформансите, електричниот џип на Volvo, секако, не е „тркач“, па неговата максимална брзина изнесува 180 километри на час. Од 0 д 100 километри на час забрзува за нешто помалку од 5 секунди.


Тоа што од Volvo посебно го нагласија е тоа што XC40 Recharge е првиот модел кој ќе добива „значајни софтверски надградби“, па така можеме да очекуваме неговите можности во иднина да се прошират и да бидат подобри.


*Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг