"Очајната домаќинка" зад решетки: 14 дена, 250 часа и 30.000 долари

Точка

17/10/2019

15:43

1.242

Големина на фонт

а а а

Добитничката на "Еми" наградата се наоѓа во женски затвор со помал надзорен систем во северна Калифорнија.

Очајната домаќинка Фелисити Хофман се појавила во Федералниот затвор за да отслужи затворска казна од 14 дена поради нејзиното учество во скандалот со запишувањето на нејзината ќерка на колеџ. 

Нејзиниот претставник за медиуми потврдил дека таа се наоѓа во затвор и дека е подготвена да ја издржи казната која и ја одредил судијата Талвани. Тоа е само дел од казната која таа мора да ја плати, бидејќи ќе биде на условно една година и ќе мора да одработи 250 часа социјално корисна работа кога ќе излезе од затвор.

Во мај Хофман е прогласена за виновна бидејќи му платила мито на консултантот Рик Сингер, и тоа 15.000 долари за да ги промени одговорите на тестот на нејзината ќерка Софија. Покрај тоа, таа има обврска да плати казна од 30.000 долари, пишува "People".

Извор близок на актерката рекол дека таа се срами од се што се случило, но дека сака да ја отслужи казната и да продолжи понатаму. Додал дека семејството се бори со целата ситуација и дека се обидуваат да се одржат заедно и да си бидат поддршка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг