Спотот за песната “Sweet Child O' Mine“ стана првиот од 80-те години со милијарда прегледи на Јутјуб

Точка

17/10/2019

14:10

1.039

Големина на фонт

а а а

Моќниот сингл на американскиот бенд Guns 'n' Roses, “Sweet Child O' Mine“ стана првата песна од 80-те која на најпознатиот светски сервис за репродукција на видеоматеријали достигна милијарда прегледи, пишуваат од Би-би-си.

Оваа песна од 1987-та година, која се појави на дебитанскиот албум „Appetite for Destruction“, оваа година има во просек 590.000 дневни прикази.

Тоа значи дека овие американски рокери сега се главниот бенд на Јутјуб кога станува збор за музиката од 80-те и 90-те во овој жанр. Нивниот хит “November Rain“ од 1992-та година исто така е најгледаниот спот на Јутјуб во последните децении од минатиот век.

Аксел Роус, Слаш и екипата очигледно сè уште се привлечни, како за старата публика така и за новата.

Guns 'n' Roses сега имаат повеќе од 6.7 милиони претплатници на Јутјуб додека пак “Appetite For Destruction“ и понатаму е најпродаваниот американски дебитантски албум на сите времиња со повеќе од 30 милиони продадени примероци ширум светот.


Кога станува збор за 80-те години позади легендарниот хит на Guns 'n' Roses се наоѓа синглот “Take On Me“ од групата A-ha со 943 милиони прегледи, потоа "Girls Just Want To Have Fun" од Синди Лупер со 786 милиони прегледи, "Every Breath You Take" од групата Полис со 699 милиони прегледи, па "Billie Jean" од кралот на поп музиката Мајкл Џексон со 694 милиони прегледи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг