Се разведе, најде нова девојка па ја остави, а сега има ново момче - Пејачката не престанува да ги шокира сите, а фотографијата со маската од Џокер е морничава

Кармин

17/10/2019

13:22

3.287

Големина на фонт

а а а

Откако Лиам Хемсворт на целиот свет им даде до знаење дека продолжи понатаму со својот живот, страсно бакнувајќи ја новата девојка Медисон Браун во јавноста, неговата поранешна сопруга споделила нови моменти на социјалните мрежи.

Мајли Сајрус на својот профил на Инстаграм објавила неколку сториња на кои полугола разменува страсни бакнежи со новото момче, 22-годишниот музичар Коди Симпсон, додека пак лицата им се прекриени со филтерот од Џокер кој моментално се прикажува во светот.


Мајли била облечена само во градник додека пак Коди го покажувал своето торзо со кое особено се гордее.


Новопечениот пар се познава долги години, поточно тие се пријатели од детството, а љубовта меѓу нив се родила неодамна откако Мајли ја прекина двомесечната врска со блогерката Кетлин Картер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk