По сообраќајната несреќа актерката пренесена во болница: Автомобилот завршил на кров

Точка

17/10/2019

11:55

3.157

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Хелен Хант (56), итно е пренесена во болница по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес, во која нејзиниот автомобил се превртел од силниот удар.

Оскаровката, како што наведуваат странските медиуми, била сама во автомобилот во моментот на несреќата, односно кога во нејзиниот автомобил удрил друг автомобил.

На видеото кое го објавило порталот TMZ изгледа дека актерката мислела дека нејзиното возило има првенство на минување на раскрсницата.

Порталот исто така известил дека актерката веднаш била пренесена во болница и дека се жалела на силни болки. Била свесна и во стабилна состојба кога ја однеле со брза помош.

Сè уште не се знае во каква состојба е возачот од другиот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг