Се подготвува сензационална размена на играчи на релација Лондон-Мадрид: Реал и Тотенхем во „вин-вин“ ситуација

Дерби

17/10/2019

10:54

1.928

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат медиумите во Англија, во јануарскиот преоден рок можеме да бидеме сведоци на бомбастична размена на играчи помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем.

Имено, „Дејли Експрес“ пишува дека Реал Мадирд ќе стори се за да го обезбеди потписот на Кристијан Ериксен од Тотенхем. Иако Данецот ќе има само уште шест месеци од неговиот договор со „петлите“, Тотенхем за него ќе бара високи 70 милиони евра.

Реал Мадрид не планира да плати толку за играч на кој договорот му истекува за половина година и наместо тоа ќе го понуди Иско во размена за данскиот фудбалер.

Иско не добива голема минутажа кај Зинедин Зидан и сосема сигурно би прифатил преселување на „Вајт Харт Лејн“, а и од Тотенхем би биле задоволни со ваквата зделка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг