Мистеријата на семејството кое во подрум чекало крај на светот станала уште поголема: Ова е синот кој ја алармирал полицијата, а сите се зачудени од неговите фотографии на Инстаграм

Точка

16/10/2019

19:17

6.789

Големина на фонт

а а а

Кога неизбричено момче се појавило во еден паб во холандски Руинерволд, никој не можел ни да помисли дека тој минатите 9 години ги минал во подрумот на семејната куќа, чекајќи го крајот на светот.

Тој по пет пива со локалните мештани ја споделил својата приказна, по што била повикана полицијата. 

Полицијата вели дека Јан Зон ван Дорстен последните девет години живеел во "мал затворен простор" во куќата во Руинерволд, на 60 милји северно од Амстердам.

Ги одвел службениците до зафрлената куќа, каде заедно со таткото ги затекнале и четворицата браќа и сестри на Јан, на возраст од 18 до 25 години.

Семејството било одведено на безбедно место - додека едно лице - Австриецот Јосеф Б., веројатно таткото, бил уапсен.

Инспекторите признаваат дека се длабоко збунети од случајот и бараат одговори на многу прашања - дали семејството било држено против своја волја и која точно била врската со Јосеф Б.

Исто така, не се знае што точно се случило со мајката на децата.

Мистеријата уште повеќе ја продлабочува фактот дека Јан, најстариот син, имал пристап до социјалните мрежи и бил активен на Фејсбук од јуни оваа година.

По 9 години пауза, Јан одненадеж повторно се активирал на социјалните мрежи со пост на кој објавил дека работи како менаџер на он-лајн продавница во Креконат, село на околу четири километри од Руинерволд.

Засега не се знае ни дали овие фотографии се лажни и колку се стари. Се претпоставува дека неколку фотографии направил на пат кон пабот. Објавувањето на фотографии на социјалните мрежи секако не се поклопува со приказната дека живееле во изолација.

На социјалните мрежи навел дека е роден во 1994-та година, а дека за него и неговите браќа и сестри се грижи нивниот татко по смртта на мајка им во 2004-та година.

Локалните медиуми го опишуваат Јосеф Б. како занаетчија и човек со необични работи, кој имал мала сопствена работилница во Мапел.

Алида тен Оевер, некогашна сопственичка на куќата која ја изнајмувала куќата на Јосеф, рекла дека тој секогаш ја плаќал киријата на време и дека никогаш не видела трагови од други луѓе кои живеат на тој имот. Соседите рекле дека Јосеф бил затворен човек кој никогаш не примал луѓе во куќата.

На парцелите кои го окружуваат имотот одгледувале зеленчук, а имале и коза.

Јосеф често го гледале со двоглед, а ги одвраќал сите кои ќе се доближеле многу. Мештаните рекле дека во дворот имало безбедносна камера, а дека во селото постоело сомнение дека Јосеф одгледувал канабис.

Градоначалникот на Руинерволд, Роџер де Грут на прес-конференција рекол дека ни тој ни полицијата никогаш не виделе ништо слично. Зборувајќи за внатрешноста на куќата, додал: "Полицијата пронајде бројни соби со импровизиран мебел каде семејството живеело повлечено. Таму биле пронадени шест лица".

Негирал дека семејството живее во подрумот. Во соопштението на локалната полиција се наведува дека Јосеф Б одбива да соработува, но дека бил притворен и сослушан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг