Американците извеле супер таен напад на Иран: Последиците ќе ги чувствуваат со месеци

Точка

16/10/2019

14:47

1.786

Големина на фонт

а а а

САД извеле тајна сајбер операција против Иран после нападите на 14-ти септември на нафтените постројки во Саудиска Арабија, за која Вашингтон и Ријад прстот го вперија во Техеран.

Двајца американски високи функционери кои побарале да останат анонимни, откриле дека наводно сајбер нападот бил изведен кон крајот на септември и главна мета биле „способностите“ на Техеран да шири пропаганда.

Еден од нив открил дека нападот влијаел на хардверот, но не открил повеќе детали. Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да се спротистави на тоа што го гледа како иранска агресија и вовед во еден поширок конфликт.

САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Германија и Франција јавно го обвинија Иран за нападите на саудиските нафтени постројки. Инаку, одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути бунтовници, а Техеран ги отфрли сите обвинувања. Западните сили дури не ни понудија никаков доказ дека Иран стои зад нападот.

Јавно, Пентагон на нападот одговори така што испрати дополнителен број на војници во Саудиска Арабија и воена опрема која би требало да ја зајакне против-воздушната одбрана на Саудијците. Од Пентагон одбија да ги коментираат информациите за наводниот сајбер напад.

„Што се однесува до политиката и оперативната безбедност, ние не разговараме за операциите, разузнавањето или планирањето на кибернетичкиот простор“, изјави портпаролката на Пентагон, Елиса Смит.

Американските медиуми пренесуваат дека нападот предизвикал сериозна штета на „сајбер инфраструктурата“ на Иран која Техеран ќе ја чувствува со месеци.

Инаку, Иран слична тактика користеше против САД - овој месец хакерска група поврзана со иранската влада се обидела да упадне на мејловите во врска со новата кампања која ја подготвува Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг