Хонгконг бесен на Леброн Џејмс: Газеле и палеле дресови поради изјавата на кошаркарот

Точка

16/10/2019

14:37

1.493

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот од ЛА Лејкерс ги повредил демонстрантите велејќи дека слободата на говорот може да има негативни последици.

Демонстрантите во Хонгконг изразиле незадоволство од коментарите на американскиот кошаркар Леброн Џејмс, така што со топка ја погодиле фотографијата на НБА ѕвездата пред да влезе во кош, а потоа газеле дресови со негово име, а еден и запалиле. 

Кошаркарот на ЛА Лејкерс ги повредил демонстантите велејќи дека слободата на говорот може да има негативни последици.

Демонстрантите се собрале за да го изразат бесот поради неговите изјави, а истовремено и го воспевале менаџерот на Хјустон Рокетс Дерил Мори, кој станал нивен херој бидејќи на Твитер им пружил поддршка, што ги разбеснело кинеските службеници и довело до прекин на соработката меѓу Кина и НБА.

Околу 200 луѓе извикувале низа навреди на сметка на Џејмс, пренесува "AP".

Џејмс на Твитер го изнел своето мислење по прашањето дали Мори треба да биде казнет поради својот Твит, кој предизвикал вистинска економска војна меѓу НБА и Кина, поради што американската професионална лига би можела да остане без неколку милијарди долари.

"Да, имаме слобода на говор, но во некои времиња може да дојде до негативни последици кога не размислувате за другите, туку само за себе", напишал Џејмс.

Додал дека многу луѓе би можеле да бидат повредени, не само финансиски, туку и физички, емотивно, духовно и дека затоа секој треба да биде внимателен кога нешто ќе напише на Твитер. Кина е голем пазар за НБА, а по твитот на Мори би можела да ги ускрати големите средства преку разни спонзорства.




Спонзорирани линкови

Маркетинг