Манчестер Јунајтед му поставува услов на Манџукиќ за да го ангажира во јануари

Дерби

16/10/2019

13:10

1.207

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед мака мачи со реализацијата оваа сезона, а Оле Гунар Солскјер најави дека во јануари клубот ќе донесе најмалку еден напаѓач.

„Ѓаволите“ се кратки на навалната позиција, а повредата на Марсијал дополнително го скрати изборот, па оттаму тие воопшто не беа ефикасни против своит противници.

Се верува дека Марио Манџукиќ е прв избор на Оле Гунар Солскјер, а Хрватот ќе го чини клубот околу 10 милиони евра.

33 годишниот Манџукиќ беше блиску до премин на „Олд Трафорд“ и во летниот преоден рок, но тогаш не се дојде до договор поради високите финансиски барања на напаѓачот.

Сега, како што пишува „ЕСПН“ Манчестер Јунајтед му поставил услов на Манџукиќ доколку тој сака да се преселина Островот. Имено, „ѓаволите“ инсистираат да му се намали платата која ќе ја заработува во клубот, па доколку Манџукиќ се согласи, речиси сигурно ќе биде првото јануарско засилување за тимот кој го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг