Дедо си го повел своето куче во салон за мебел, а приказната станала хит кога се дознала причината за тоа

Точка

16/10/2019

13:26

1.911

Големина на фонт

а а а

Дедото на Алиција Дал воопшто не сакал куче. Барем така мислел сè додека не се претворил во човек кој своето милениче го води практично секаде каде што оди. И тоа сè поради Коко.

“Коко е куче кое дедо ми никогаш не го сакаше, но не може да живее без него”, изјавила Дал за “The Dodo”. “Таа му е најдобрата пријателка за која не бил свесен дека му треба”. 

Двојката е неразделна, а кога им е потребен одмор од авантурите, тие можат да се видат како заедно одмараат во нивната омилена фотелја. Но, кога дедото се селел заедно со неговата сопруга, им бил потребен нов мебел.

“Тој бараше на неговата нова фотелја да има доволно место за Коко да може да седи покрај него”, продолжила Алиција.

За таа цел, дедото го одвел своето куче во шопинг.


“Ја повел Коко во неколку продавници за да испробуваат фотелји сè додека не ја пронајдат совршената”, рекла неговата внука и додала дека кучето секаде било дочекувано со насмевка, а луѓето биле воодушевени со оглед на тоа што веројатно не гледаат секојдневно таква сцена.


Оваа симпатична приказна веднаш станала вирална на социјалните мрежи, а по неа се јавиле и неколку вработени во продавници за мебел кои велат дека ваквите и слични ситуации се всушност многу повообичаени отколку што некој би очекувал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг