САД ја обвинија турската Халкбанк за избегнување санкции против Иран

Макфакс

16/10/2019

12:46

945

Големина на фонт

а а а

Американските обвинители ја обвинија турската Халкбанк дека учествува во аранжман вреден повеќе милијарди долари за избегнување на американските санкции против Иран, јавува „Ројтерс“, додавајќи дека обвинението може дополнително да ги комплицира тензиите меѓу Вашингтон и Анкара, сојузник во НАТО.

Тужбата против банката, која е во поголем дел сопственост на државата, се однесува на еден нејзин поранешен директор, Мехмет Хакан Атила кој беше прогласен за виновен од федералниот суд во Менхетен минатата година и беше осуден на затвор. Раководителите на Халкбанк не биле достапни за коментар бидејќи работното време во Турција истекло, а адвокатот на банката во САД одбил да даде коментар. 

Односите меѓу САД и Турција станаа затегнати поради воената офанзива на Турција во североисточна Сирија против воените сили предводени од Курдите. Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави санкции против Анкара заради инвазијата во Сирија. Белата куќа објави дека потпретседателот Мајк Пенс ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган в четврток во Анкара со цел да се залаожи за примирје и да се истакне намерата на администрацијата на Трамп да воведе санкции сè додека не се постигне спогодбата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг