Година на пресвртот: Пред 29 години Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир

Точка

16/10/2019

13:17

1.188

Големина на фонт

а а а

Пред 29 години, на 15-ти октомври тогашниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир.

Престижната награда Горбачов ја доби за улогата која ја одигра во мировните преговори кои денес карактеризираат важни делови од меѓународната заедница.

Во тоа време, советскиот лидер направи многу храбри чекори - ги повлече советските трупи од Авганистан, не се вмеша во падот на Берлинскиот ѕид и ослободителните движења во земјите од „советскиот блок“ во источна и централна Европа, а водеше и преговори со САД за намалување на нуклеарниот арсенал.

Кога е во прашање внатрешната политика, неговата „гласност“ го ослободуваше населението и беа поттикнати многу ослободителни движења во советските републики. Иако беа направени и бројни економски реформи, тие не беа во состојба да го подобрат животниот стандард, да го поттикнат производството и да ја доведат економијата на Советскиот сојуз до светскиот стандард.


Со оглед на тоа што не беше во можност да ја прими наградата лично, Горбачов го испрати заменик министерот за надворешни работи Андреј Ковалјов да ја прими наградата на неговото место.

Ковалјов на церемонијата прочита краток говор во името на Горбачов, во кој беше нагласено дека „1990-та година била точка на пресвртот“.

„Таа значи крај на неприродната поделба на Европа. Германија повторно се обедини. Започнавме да ги рушиме материјалните темели на воената, политичката и идеолошката конфронтација. Но, постојат некои многу сериозни закани кои не се отстранети - потенцијалот за конфликт и примитивните нагони кои го дозволуваат тоа, агресивните намери и тоталитарните тенденции“, беше наведено во говорот.


Во јуни 1991-ва година Горбачов отпатува во Норвешка каде го претстави својот подолг говор. Тој зборуваше за достигнувањата во последните шест години.

„Студената војна заврши. Ризикот од глобална нуклеарна војна практично исчезна. Исчезна железната завеса. Германија се обедни, што е значајна пресвртница во историјата на Европа. На нашиот континент не постои ниту една држава која себеси не се смета за целосно суверена и независна“, изјави Горбачов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг