Патниците на "Airbus A321" авионот кој во август принудно слета во поле со пленка, се собраа на аеродромот „Жуковски“ во Москва и ги посетија пилотите кои им го спасија животот.
После големата драма која им ги промени животите, патниците од авионот кој принудно слета во поле со пченки и за среќа беше избегнта голема катастрофа, меѓусебно се спријателиле. Тие сега се собрале на аеродромот „Жуковски“ и ги изненадиле пилотите со торта.
На членовите на екипажот и пилотите, патниците им подарија торта која ја исече капетанот Јусупов, а сите се согласиле дека ваквите средби во иднина треба да бидат редовни.
На 15-ти август оваа година се случи вистинско чудо, откако авионот на „Урал Ерлајнс“ кој летал кон Симферопол, набрзо после полетувањето се судрил со јато галеби. Поради тоа пилотите биле принудени итно да слетаат, а принудното слетување беше изведено на поле со пченки. Ниту еден од 226-те патници и 7-те членови на екипажот не беше потешко повреден.
Низата на добри одлуки во една таква критична ситуација и одличните маневри на пилотската екипа предводена од капетанот Дамир Јусупов ја воодушеви Русија и целиот свет.
Рускиот претседател Владимир Путин набрзо потоа на пилотите Дамир Јусупов и Георгиј Мурзин им го додели престижниот орден Херој на Русија, додека преостанатите членови на екипажот беа наградени со Орденот на храброста.
Во Екатеринбург, каде што е седиштето на компанијата „Урал Ерлајнс“ сите членови на екипажот се наградени со опремени станови.