Сузана Сурловска-Ѓеоргиевска: Сите лица на Париз

Точка

16/10/2019

10:12

6.503

Големина на фонт

а а а

Париз неспорно е еден од најубавите градови во светот, главниот град на Франција. Град кој заведува со своето архитектонско и културно наследство. Град на гастрономија, мода и шопинг, град каде што секогаш се случува нешто ...

Има илјадници работи што треба да се направат и да се видат во Париз. Тој секогаш нуди особено пријатен амбиент за своите жители и неговите посетители. И колку време да останете таму, секогаш ќе биде премногу кратко, да уживате во парковите, градините, терасите, продавниците ...  

Задоволство е да се зборува за градот што го обожувате и за кој има толку многу да се раскажува. Таму каде што повеќе од 18 години живеам и работам со својата фамилија - раскажува Сузана Сурловска-Ѓеоргиевска. Тогаш се запрашувате од каде да почнете, кога има толку многу нешта кои може да се раскажат за овој град.

Освен познатите атракции и посети како: Ајфеловата кула, Катедралата Нотре-Даме, Триумфалната порта, Националната опера во Париз, Музејот Лувр, Музејот Орсај, Центарот Жорж Пумпиду и што е вредно да се види? 

- Да се препуштите самите на себе, во опуштените прошетки и визитирања на градот, посебно на уметничките души и љубителите на изложбите, убаво е да се посети Националната галерија Големата Палата ( Grand Palais). Овој прекрасен музеј на светларник, каде годишно има повеќе од 40 разновидни настани. Но, недалеку е и Малата Палата, музеј во кој што може да се видат скулптури, слики, таписерии, уметнички дела, икони и широка уметничка панорама.

Не можете, а да не се прошетате по познатата авенија Шанз-Елизе Avenue des Champs-Élysées. Наречена како « најубавата авенија на светот ». Туристите и Парижаните ја шетаат во секое време од денот ноќта летото и зимата. Таа е симбол на Париз, која е полна со ресторани луксузни марки и бутици, kаде секоја година се одржуваат најголемите настани и паради.


Да го видите Париз од височина неизбежна е посетата на Базиликата на Возвишеното Срце Basilique du Sacré- Coeur de Montmartre. Сместена на врвот на ридот Монмартр, од каде што имаме еден од најубавите панорамски погледи на Париз.

Римско-византиски стил на базилика каде наоколу се наоѓаат мали стрмни улици, а во подножјето на ридот е и познатото кабаре на Мулен Руж Moulin Rouge.

Но, тука се и неколкуте квартови кои би ги издвоила Латинскиот кварт Quartier Latin и Тертр Place du Tertre.


Овде, фолклорот е присутен помеѓу терасите на рестораните и портретите на сликарите кои се секојдневно присутни и го разубавуваат делот. Каде што има безброј кафулиња каде може да земете мала воздишка од долгите прошетки на градот и да се опуштиме во прекрасниот поглед.

Каде се пие најубаво кафе според вас и колку чини?

- Цената на едно кафе се движи од 2-5 евра во зависност од местото Јас би го препорачала моето омилено кафе, » Café gourmande », кафе послужено со неколку ситни десертни колачиња кое може да чини од 5-13 евра.


Ваша препорака за место кое не смееме да го пропуштиме?

- Додека Латинскиот кварт, е прекрасно место кое го препорачувам на секој посетител. Сместен е во V арондисмон, на левиот брег од главниот град. Парижаните, студентите и туристите се секојдневно и во голем број присутни, во многубројните кафулиња и ресторани каде во опуштена атмосвера може да слушнете и француски шансони. Недалеку оттаму може да се посети и познатиот универзитет Сорбона.

Во непосредна близина на Париз се наоѓа раскошниот Версај?

- Меѓу сите овие атрактивни места, се разбира дека не би го прескокнале и прекрасниот Врсај Versailles, кој е само на нешто помалку од 18км одалечено од Париз. Каде што се наоѓа познатата престолнина и резиденција на кралевите на Франција Louis XIV, Louis XV et Louis XVI. Секој посетител може да ја задоволи својата љубопитност, прекрасниот дворец музеј или прекрасниот парк поделен и разигран кој се протега на површина од 800 хектари со прекрасна глетка која опушта и смирува.


Каква забава нуди Париз?

- Забава има во сите претходно наведени места и секој може да се пронајде себеси без разлика на возраста, било тоа да се кафилиња, ресторани, дискотеки, театарски сали или големите музички концертни дворани, салите за опера и балет, кратките крстарења по Сена со вечера и музичка забава и т.н....

Како би ги опишале Парижаните?

- Парижаните пред се се некои кои си ја сакаат уметноста, изложбите, гастрономијата, модата, нивната кујна може да кажеме дека се разликуваат од другите со одредена харизма. Тие се динамични, наумиле да бидат трпеливи со целата динамика на градот. Тие сакаат да го испијат своето утринско кафе во некое кафуле да уживаат во тоа и така да го запoчнат денот.

Има многу познати Парижани кои се родени далеку од Париз, но сепак го сакаат и уживаат во Париз. Тие го сакаат нивниот луксуз од едноставните луксузни работи и едноставните луксузни предмети. Парижаните се склоп на противречности, со чувство за историја и наследство. Тоа е тензијата на овие спротиставности кои ја прават оваа рамнотежа што често се препишува на францускиот дух.

Но, работејќи со нив во една од француските општини, може да додадам дека ако умеете и знаете како да се изборите за вашата позиција во опшеството, нивниот респект спрема вас е неизмерен. И посебно сум им благодарна за тоа.


Што ви смета?

- Но, како и секаде во секоја светска метропола, така и во Париз и покрај напорите на градските служби, сепак Париз има проблеми со транспорт, секојдневно се бори со големата загаденост на воздухот иаку се прават секакви напори за заштита на чистиот воздух. Да не ја изоставиме и цената на недвижнините која е премногу скапа, како и секаде нечистотијата во одредени квартови улиците , големата концентрација на населеност и т.н.

Прикажувањето на нивната супериорност, кога се некаде на страна, со тоа сакаат да се наметнат и да бидат забележани и да ги деградираат другите го сметам како нивна негативна страна.

Во кој период од годината го препорачувате Париз?

- Посетата на Париз е прекрасна во секој период од годината, но посебно би издвоила периодот од месец април до крајот на месец октомври.


Што ви се допаѓа посебно?

- Тешко е да се издвои некогаш кога изборот е поголем. Но, сепак, ми се допаѓа нивната урбана средина на градовите селата туристичките места, нивната гастрономска кујна, ритамот на животот и начинот на живот. Одредени човекови права кои може да ги добиете и за кои може многу послободно да се изборите и т.н.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг