Портрети од султанот, телевизор со големина на ѕид - популарниот фудбалер ја отвори вратата од својата вила вредна 10 милиони долари

Точка

15/10/2019

18:47

11.856

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, покажа како изгледа неговиот лондонски дом и ги остави своите фанови без зборови.

Иако е роден и пораснат во Гермаија, Озил отсекогаш бил и повеќе од горд на своето потекло. Тоа без сомнеж се чувствува на секој чекор во неговата вила во Лондон чија врата ја отворил за потребите на една телевизиска емисија.


Дневната соба, на една од своевремено најголемите ѕвезди во европскиот фудбал е составена од мебел кој во Англија пристигнал директно од Турција, вклучувајќи и огромна аголна гарнитура, а особено е интересен самиот влез во просторијата. На вратата од дневната соба се наоѓа логотип од Озил кој го сочинуваат неговите иницијали.


Дека Месут Озил и понатаму е дете, сведочи просторијата која му е наменета исклучиво за играње на видео игри. Во таа соба има телевизор со големина на ѕид за кој фудбаерот има и конзоли за играње, а во емисијата покажал и како игра, секако со играч кој е направен според неговиот лик.


Еден од интересните детали за декорацијата на домот на Озил се уметничките слики со ликовите на османлиските султани, а на вљубениците во спортот и спортска опрема веруваме дека најмногу ќе им се допадне местото каде што фудбалерот ги чува своите патики кои се вкупно 50 на број.




Спонзорирани линкови

Маркетинг