Откриено тајното име на кралицата Елизабета кое го знаеле само нејзините телохранители

Точка

15/10/2019

17:00

3.229

Големина на фонт

а а а

Кога членовите на кралското семејство се појавуваат во јавност, тие се окружени со обезбедување.

Цели тимови се наоѓаат околу нив и во близина, а секој од членовите на семејството има тајно име за да ги заштити нивната приватност и идентитет. 

Според зборовите на извор близок до семејството, кој дал интервју за "The Sun" оваа недела, тајното име на кралицата Елизабета не е поврзано со ниеден таен агент или суперхерој.

"Таа е секогаш означена со буквата Ш (S). Како Шерон (Sharon)", рекол изворот.

Според пишувањето на "Daily Mail", буквата "S" повеќе одговора на нејзиниот статус суверена, пренесува "Marie Claire". Кралскиот историчар Хуго Викерс потврдил дека можната приказна за тајното име на кралицата веројатно е вистинита.

"Многу е веројатно да е така. Целта на епитетот е да звучи анонимно и лесно да се памети. Ако заедно со тоа може и да измами, тогаш тоа е вистинско", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг