Луѓето ги сакаат рестораните за брза храна бидејќи во рок од неколку минути го добиваат она што го нарачале, а храната најчесто не е премногу скапа.
Некои податоци велат дека Мекдоналдс дневно храни дури 68 милиони луѓе, што е навистина голем број. Меѓутоа, зад секој ресторан за брза храна се кријат факти кои повеќето луѓе не ги знаат.
Ова се само дел од нив:
Доколку барем еднаш во животот сте јаделе Мекфлари од Мекдоналдс, сигурно сте ја забележале лажичката која ја добивате со чуден облик. Причината за нејзиниот необичен облик лежи во начинот на припрема на овој десерт – состојките се ставаат во пластичната чаша, се става капачето, а потоа лажицата се забодува во десертот, а нејзиниот врв се става во автомат кој ги меша овие состојки.
Дали некогаш сте ги забележале оние 4 кругчиња на чашите во кои Мекдоналдс ги послужува своите топли пијалаци? Со нивно притискање може да го означите пијалакот – на пример, доколку нарачувате повеќе пијалаци, со притискање на кругчињата ќе препознаете што се наоѓа во чашата.
Помалите кафулиња користат чаши направени од посебен вид на стиропор. Кога премногу ќе се загреат, тие стануваат опасни по здравјето, а исто така не се добри ниту за околината. Ваквите чаши честопати се означени со триаголник со бројот 6 или со ознаката “PS”.
Зошто? Одговорот е едноставен. Автоматите за кафе се чистат со посебни хемикалии кои можат да завршат во првите неколку шолји кафе, доколку вработените не ги исчистиле добро. Секако, не велиме дека ова е случај со сите кафулиња...
...јадете! Веројатно сте забележале дека, на пример, газираните пијалаци се поевтини од чај или друг топол напиток. Истражувањата покажуваат дека човекот повеќе јаде откако ќе испие студен пијалак.
Велат дека најдобро е да посетите ресторан за брза храна кога тој е најоптоварен – од 11:30 часот до 14 часот и од 17 часот до 19 часот. Тогаш се припрема најмногу храна и истата е најсвежа.
Кога станува збор за количината на шеќер во состојките, милкшејкот наводно е рекордер. Некои ресторани ги служат ваквите напитоци со повеќе од 50 грама шеќер, што е дефинитивно премногу. Ваквиот напиток автоматски значи пречекорување на дневната доза шеќер.
Едно истражување открива дека луѓето кои порачуваат храна на терминали трошат повеќе пари. Причината е во тоа што тие не брзаат и на мир можат да го разгледаат менито и да одберат сè што им се допаѓа.