Легендарниот гитарист на Ролинг Стоунс за дрогата: „Тоа што сум жив е светско чудо“

Точка

15/10/2019

14:00

2.476

Големина на фонт

а а а

Новиот документарец за животот на легендарнио гитарист на Ролинг Стоунс, Рони Вуд (72), отворено се занимава со темата на неговите пороци - алкохолот и дрогата.

Насловот на филмот е симболичен „Somebody Up There Likes Me“, што најдобро говори за тоа како Вуд гледа на последната деценија од својот рокенрол живот.

„Искрено тоа што сум жив е еднакво на светско чудо. Првото прашање кое гледачите сигурно ќе си го постават е: „Како го преживеал сето тоа?““ - изјавил тој во саботата на лондоската премиера.


Документарецот со себе носи и мноштво анегдоти од нивните турнеи, снимања, проби, а неуништливиот гитарист во него признава и како поголемиот дел од неговите познаници и пријатели не ја преживеале дрогата, а тој го преживеал тоа, но и нешто поопасно - ракот.


Пред десет години, како што тврди тој, успеал да ги остави и пороците. Тој е во брак со продуцентката Сали (41) и имаат тригодишни близначки Алис и Грејси, додека пак од претходниот брак има ќерка Леа и синови Џејми, Тајрон и Џеси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг