Се огласи мајката на Пауло Дибала: Му беше тешко, сега тој…

Дерби

15/10/2019

12:52

1.385

Големина на фонт

а а а

Пауло Дибала помина турбулентен период ова лето откако беше поврзуван со заминување од редовите на Јувентус.

Аргентинецот не беше во прв план кај Маурисио Сари кој се согласи да го продаде на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а Јуве прифати понуди од овие англиски тимови.

Сепак, цврстата желба на Дибала да остане во Торино ги натера челниците на Јунајтед и Тотенхем во последен момент да се откажат од негов ангажман, а играчот остана во редовите на Јувентус.

На почетокот не добиваше шанса од Сари, но кога ја доби ја зграпчи со двете раце и сега е редовен во тимот кој јури кон нова титула во Серија А.

По целиот развој на настаните се огласи и мајката на Пауло Дибала која истакна дека тој сега е многу среќен.

– Мило ми е што го гледам мојот син како се смее кога е на теренот. Сега Пауло е среќен. Патам кога го гледам кога не е среќен, како што беше пред одреден период, но сега тој е многу среќен, - изјави Алисија, мајката на Дибала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг