Кристијано Роналдо вчера оствари ретко виден рекорд стигнувајќи до бројката од вкупно 700 погодоци во професионалната кариера.
Португалецот долго време ги има доведено до перфекција нишанските справи, па сосема очекувано е што противничките голмани стравуваат од него иако веќе е длабоко навлезен во четвртата деценија од животот.
На социјалните мрежи се појави графика која покажува дека Роналдо има топ во десната нога затоа што дури 442 гола од неговите 700 стигнале по удар со таа нога. Пред Португалецот најмногу потклекнувала Севиља која има примено 27 голови од Роналдо, а дури 450 од неговите голови ги постигнал во дресот на Реал Мадрид.
Импресивна статистика на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња…