Хан: Без јасен сигнал од ЕУ, го губиме влијанието на Балканот

Макфакс

15/10/2019

12:41

811

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, смета дека на Европската унија, доколку не испрати јасен сигнал за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, и заканува губење на влијанието на просторот на Западен Балкан.

Во изјава за агенцијата АПА, Хан рече дека се надева оти разумот ќе победи по однос на ова прашање.

„Ако по две одложувања, денеска не се испрати јасен сигнал, или најдоцна на Советот на ЕУ во четврток, не треба да се изненадиме ако веќе немаме никакво влијание на Балканот“, предупреди тој.

Ова, подвлекува Хан, никако не смее да биде европски интерес.

Хан истакна дека станува збор за територија која е двор на ЕУ и ги критикуваше индивидуалните членки на Унијата.

„Многумина зборуваат за ефективноста во светската политика, за силна Европа. Меѓутоа, ако не можеме да функционираме во непосредна близина, во нашето соседство, не мора ни да се посавува прашањето за глобално влијание“, додава тој.

Франција се спротивставува на започнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и го критикува процесот на проширување како целина, додека Холандија се спротивставува на преговорите со Албанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг