Ја води својата животна битка со болеста: Многумина го заборавија популарниот голгетер кој со својот изглед ја изненади цела Европа

Супермен

15/10/2019

13:00

4.322

Големина на фонт

а а а

Популарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали, минатата година открил дека боледува од опасна болест. Некогашниот голгетер на Челси и Јувентус признал како се чувствувал кога докторите му соопштиле дека мора да оди на лечење.

„Најтешко ми беше тоа да му го соопштам на моето семејство: родителите, браќата, сестрите, сопругата и на нашите ќерки, Оливија и Софија. Сознанието дека имам рак ти носи некое чувство на срам, како да си самиот виновен за тоа што ти се случило. Сакав и понатаму да бидам оној Вијали кој порано сите го познаваа. Својата приказна сакав да ја раскажам и во книга“ - изјавил Вијали кој претходните месеци се лечел по пат на хемотерапија и зрачење па неговото здравје моментално е во многу подобра состојба.

Италијанецот признал дека повторно има сила и желба за живот.

##https://twitter.com/x_sport_news/status/1182711300700495873##

„Сега повторно физички се чувствувама како ѕвер, меѓутоа, сè уште не можам да кажам со сигурност како овој натпревар ќе заврши. Се надевам дека мојата приказна ќе биде инспирација за луѓето кои се наоѓаат на животни раскрсници“ - изјавил Џанлука чија фотографија по неговата хемотерапија ги изненадила многумина.

„Не е најважно да се победи туку важно е да се размислува како победник. Животот е составен од 10 отсто работи кои ни се случуваат и 90 отсто од тоа како ние ги поднесуваме нив. Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне и на другите луѓе кои имаат слични проблеми. Би сакал да дојде некој и да ми каже: „Ти си причината поради која не се откажав““ - објаснува Вијали.

Вијали својата фудбалска кариера ја започнал во Кремонезе, играл за Сампдорија, Јувентис и Челси. Во 1998-та година во Челси ја започнал и својата тренерска кариера, а потоа од клупата ги предводел и Вотфорд. За репрезентацијата на Италија одиграл вкупно 59 натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk