Зои Кравиц е новата Жена-мачка: Во најновиот филм за Бетмен ќе глуми покрај Роберт Патинсон

Точка

15/10/2019

12:43

3.437

Големина на фонт

а а а

Доколку за претстојната Ноќ на вештерките, 30-годишната Зои Кравиц одлучи да се преправи во мачка, не мора да ни да го соблекува костумот.

Оваа актерка ќе заигра рамо до рамо со Роберт Патинсон во најновиот филм за Бетмен, и тоа во улога на Жена-мачка. Пред неа, оваа хероина на “DC” ја толкуваа Хали Бери, Ен Хатавеј и Мишел Фајфер. 

Кравиц, чија серија “Big Little Lies” токму ја заврши својата втора сезона, ќе ја глуми Селина Кајл и нејзиното алтер его.


Ќерката на Лени Кравиц и Лиса Бонет наводно морала да пројде многу ригорозни тестирања за да добие улога за која, покрај неа, се натпреварувале и Ана де Армас, Ела Балинска и Ејза Гонзалес.

Филмот е во режија на Мет Ривс, кој е исто така режисер на филмовите “Planet of the Apes”.

Како што се шпекулира, овој дел од франшизата за Бетмен повеќе ќе се фокусира на Брус Вејн како човек и детектив, отколку како суперхерој.


“Ова е многу фокусирана, “noir” приказна за Бетмен. Се надевам дека ќе биде возбудлива колку што ќе биде емотивна. Таа повеќе се занимава со Бетмен како детектив, за разлика од она што досега го гледавме во филмовите. Стриповите ја следат таа историја. Брус Вејн би требало да биде најдобриот детектив на светот, што не беше нужно во претходните филмови”, изјавил Ривс во јануари.

Се очекува продукцијата на филмот да почне подоцна во текот на оваа година или кон почетокот на следната, додека во кино салите се очекува да пристигне на лето 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг