Дали знаете зошто на аеродромот во Тиват се плашат да слетаат и најискусните пилоти!? - Погледнете како изгледа тоа...

Точка

15/10/2019

21:55

12.748

Големина на фонт

а а а

Иако ова важи за еден од најкратките летови во регионот, многумина не знаат дека токму таквите летови бараат најголемо внимание на пилотите, но и дека аеродромот во Тиват е наменет само за оние, најискусните пилоти.

Според зборовите на пилотите, слетувањето на Тиват е како да паркирате автомобил на косо во гаража.

Поради високите планини кои го опкружуваат аеродромот, слетувањето на Тиват мора да се изведе со целосно внимание и многу прецизно.

Токму тоа е причината зошто аеродромот во Тиват работи само преку ден.

Природните карактеристики на Црна Гора и опкружувањето на аеродромот можат да бидат многу опасни за ноќните летови така што аеродромот е отворен само преку ден.

Иначе, аеродромот Тиват е најпрометниот аеродром во земјата која прима речии и до 80 отсто од вкупниот број на туристи кои годишно ја посетувааат Црна Гора.

Уживајте во погледот од кокпитот и погледнете како изгледа слетувањето на Тиват...



Спонзорирани линкови

Маркетинг