“Ѕирнете” во внатрешноста на домот на Џастин Бибер: Луксуз кој вреди 8,5 милиони долари

Кармин

15/10/2019

11:23

4.743

Големина на фонт

а а а

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер решил да ја “отвори вратата” на својот дом на Беверли Хилс во кој живее заедно со сопругата Хејли Бибер.

Имено, тој на Инстаграм објавил сет фотографии од својот дом кој според наводите на “The Los Angeles Time” чини 8,5 милиони долари.  

“Мислам дека сакам да го продадам својот дом на Беверли Хилс, кој го сака? Ќе го продадам со сиот мебел. Направете понуда”, напишал Бибер на популарната социјална мрежа.

Според листата на “The Los Angeles Time”, оваа недвижнина со површина од 567 квадратни метри има 5 спални соби, 7 купатила, библиотека, вински подрум и домашно кино.

Погледнете ги фотографиите кои ги објави пејачот од својот дом:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk