Скандал: Заменик министерот за здравство снимен како зема мито!

Точка

15/10/2019

09:34

6.457

Големина на фонт

а а а

На албанската телевизија "Top Channel" е објавено видео на кое е снимен македонскиот заменик министер за здравство, Асим Муса како прима мито.

Новинарот од истражувачката емисија „Фикс Фаре“ на албанската телевизија, пред заменик министер за здравство Муса се претставува како пациент на кој треба да му биде извршен оперативен зафат на простата.

По нивната средба во Институтот за нефрологија во Струга, заменик министерот и „пациентот“ се договараат кога да биде извршена операцијата, по што Муса бара 1000 евра мито и прима 50 евра аванс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг