Нацистички поздрави: Бугарските фанови ја шокираа фудбалската јавност

Дерби

15/10/2019

08:25

3.527

Големина на фонт

а а а

Квалификацискиот натпревар меѓу Бугарија и Англија заврши со висока победа на гостите, но медиумите наместо на резултатот, се фокусираа на скандалозното однесување на дел од домашните фанови.

Средбата неколку пати беше прекинувана поради расистички навреди упатени од публиката, a снимките јасно откриваат дека истите биле придружувани и со контроверзниот фашистички поздрав упатен кон актерите на теренот.

Англиската фудбалска асоцијација излезе со соопштение во кое ги осуди случувањата во Софија, а речиси сите познати фудбалски имиња преку социјалните мрежи побараа строга казна поради овие испади.

Инаку, стадионот во Софија беше делумно празен токму како казна за расистички навреди упатувани на дуелите со Косово и Чешка, но очигледно УЕФА ќе мора да биде уште поригорозна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг