Хит на денот: Новинар од Сител насред програма во живо беше “нападнат“ од прч

Точка

14/10/2019

21:30

9.841

Големина на фонт

а а а

Ова видео е доказ дека новинарството е навистина тешка професија, во која има многу непредвидени ситуации.

Кога станува збор за програма во живо, а и оние теренските вклучувања, навистина може сè да се види.


Од погрешно изговорени имиња, преку исклучување на теренските новинари насред реченица, па сè до непредвидени ситуации од животните кои не го разбираат поимот “програма во живо“.

Имено, во утринската програма на Сител, утринава новинарот Димитар Бабалков, од теренското вклучување од селото Осинчани имаше малку непријатна случка, но за гледачите урнебесна.


Бабалков буквално беше нападнат од прч (машко јаре) насред програма, додека учеше како се молзе.

Тој се обиде професионално да си ја одработи работата, но прчот беше упорен. На социјалните мрежи денеска многу се зборува за него, па затоа за сите вие кои не го видовте, фотографиите доволно зборуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг