Полицијата вечерва го уапси Филип Секуловски Кобра, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев, кој беше во бегство две години.
Филип Секуловски беше баран од МВР со потерница, а моментално се наоѓа во затвор во Шутка.
Потсетуваме, фудбалерот Мартин Јанушев на 3-ти ноември 2017-та година беше застрелан пред влезот на зградата во која живеел.