Јадевме колачи и пиевме дождовница: Драматична исповед на морнарите кои го преживеале бородоломот на товарниот брод на Атлантикот

Точка

14/10/2019

20:18

1.964

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавила видео-снимка од спасувањето на тројца морнари од бродот "Burbon Rod", кој уште на 26-ти септември потонал насред Атлантикот, при ураганот Лоренцо.

Станува збор за двајца Украинци и еден Русин, единствени кои се спасени досега, и покрај повеќенеделната потрага, која и натаму трае. 

Во меѓувреме биле пронајдени четири тела на морнари, додека за исчезнати се сметаат капетанот од Шибеник Дино Мишкиќ и уште шестмина морнари.

Споменатото видео го снимиле морнарите од бродот "Piet", кој учествувал во акцијата за спасување.

Тие пронашле сплав со тројца морнари: Русинот Игор Морозов и Украинците Дмитри Марченко и Ившениј Николов.

"Биле на сплавот три дена и две ноќи. Ги извлековме целосно исцрпени. Мислам дека ги забележа авион "Falcon" и ни ги прати координатите. Веднаш делувавме и ги спасивме", рекол човекот кој го снимил видеото.

Френк Робин во изјавата за француските медиуми открил низ какви маки минувале тројца спасени морнари од "Burbon Rod".

"Неколку пати биле блиску до смрт, посебно кога поради ветерот и брановите се превртел сплавот за спасување. Со исклучок на неколку колачи, целиот прибор за преживување потонал во морето. Пиеле дождовница", рекол Робин, пренесува "Voiles".

Игор Морозов посведочил дека во морето минале 24 часа, држејќи се со рацете и нозете за превртениот сплав за спасување, а брановите од 15 метри ги носеле се подалеку од местото на потонувањето.

Тој рекол дека за превртениот сплав се држеле петмина морнари, но дека двајца не успеале да го издржат напорот и огромните бранови.

Нивните тела подоцна биле пронајдени во текот на една спасувачка акција.

Останатите тројца морнари успеале да го превртат сплавот и да влезат во него дури другиот ден, кога времето се смирило.

Филипински морнар од бродот "Piet" за "Morski.hr" раскажал приказна која, како што наведува, ја слушнал од преживеаните тројца морнари кои ги спасиле.

Тие, вели, му расакажале дека не го виделе капетанот откако им наредил да го напуштат бродот, со оглед на тоа дека бродот набрзо се превртел.

"Еден од нив ми кажа дека во сплавот влегле седум, тројца биле внаре, а четворица се држеле за јажето околу сплавот. Тогаш повторно ги погодил силен удар на ветер и бран, па сплавот повторно се превртел. Тројца успеале да се качат, но останатите веднаш исчезнале во морето", рекол овој морнар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг