На актерката ова ѝ го променило животот: "Засекогаш ќе ја паметам оваа реченица"

Точка

14/10/2019

19:23

3.483

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните серии "Friends" ѝ донела огромен успех и голема популарност, а за статусот холивудска ѕвезда придонеле и многу гледаните филмови во кои глумела.

Иако се чини дека на Џенифер Анистон во животот се и е како што треба, актерката открила дека не е баш така. Џенифер во интервју за "Harper's Bazaar" открила една работа од личниот живот од која ни денес не може да се ослободи. 

Имено, Џенифер открила дека една реченица и била кажана кога имала 11 години, и дека изговореното имало големо влијание на нејзиниот подоцнежен живот.

"Се сеќавам дека родителите ми беа во критичен период, а кога имав 11 години, по вечерата ми рекоа дека можам да ја напуштам масата и да заминам бидејќи немам ништо паметно да кажам. Таа реченица засекогаш ќе ја паметам, а ако зборуваме искрено, а зборуваме бидејќи имам 50 години, таа ми го обележа целиот живот", изјавила Џенифер.

Актерката истакнала дека и било убаво кога својот глас го давала за туѓи зборови, мислејќи на актерството, но дека во поголемо друштво и меѓу непознати луѓе секогаш се чувствувала непријатно, но и како повторно да ги има оние 11 години.

Џенифер рекла дека е свесна дека е пример за млади луѓе и дека поради тоа се обидува со своето искуство да им помогне за нивните животи да не ги обележи слична реченица, но и за да знаат дека нивниот збор е важен и дека има моќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг