Најголемата грешка која ја правите со лукот и така ги убивате неговите антиканцерогени дејства

Точка

14/10/2019

19:13

7.021

Големина на фонт

а а а

Следниот пат почекајте барем 15 минути пред да го подготвувате лукот. Веднаш го ставате лукот во тенџере или тава штом го исчистите? Грешите!

Најдобриот начин да ги добиете сите антиканцерогени состојки од лукот е да го исечкате на ситни парчиња и потоа да почекате минимум 15 минути пред да го подготвите.

Зошто?

Токму тоа време е потребно за ензимот кој се наоѓа во лукот да се помеша и да делува во комбинација со останатите состојки и така да произведе алицин.


Алицинот е состојка која се поврзува со превенција на канцерот, а наглата загреаност е токму таа која го уништува овој ензим од кој настанува алицинот.

Затоа најдобро е да почекате 10 до 15 минутки пред да го подготвувате лукот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг