Јувентус го нуди Рабио за Ериксен?

Точка

14/10/2019

16:39

862

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат италијанските медиуми, од управата на Јувентус биле подготвени да го понудат Адриен Рабио за услугите на Кристијан Ериксен.

Како што е познато, данскиот плејмејкер Кристијан Ериксен уште минатото лето изрази желба да го напушти Тотенхем, а со оглед на тоа што му истекува договорот по крајот на оваа сезона, голема е веројатноста да го напушти лондонскиот клуб во јануари.

Претходно Данецот се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а сега во трката по неговиот потпис се вклучуваат и од Јувентус кои планираат да испратат интересна понуда до Тотенхем.

Имено, торинскиот клуб планира да го понуди Адриен Рабио за услугите на Кристијан Ериксен.

Сепак, позната е желбата на Ериксен да заигра за Реал Мадрид, а исто така ќе биде тешко да се убеди Рабио да се пресели во редовите на Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг