Клоп откри зошто го избрал Ливерпул пред Манчестер Јунајтед

Точка

14/10/2019

16:33

1.286

Големина на фонт

а а а

Ливерпул со ангажманот на Јирген Клоп заврши одлична работа, а интересно е што Германецот за малку ќе завршел во редовите на големиот ривал - Манчестер Јунајтед.

Клоп во едно интервју откри дека истовремено преговарал со Ливерпул и Манчестер Јунајтед и објасни зошто ги избрал „Редси“.

„Кога преговарав тука никој не зборуваше за фудбал, само зборува за маркетинг, имиџ, бренд. Зборуваа дека треба да се купи овој или оној играч, а јасно се гледаше дека го немаат тимот во прв план. Тогаш помислив дека тоа не е за мене, тоа не е играта која ја сакам“, изјави Клоп и додаде:

„Сфаќам дека во денешно време маркетингот е важен дел од фудбалот. Но, тоа не може да ви биде приоритет, тука се поаѓа од погрешна работа. Прво треба да се поправат резултатот и играта, па врз основа на тоа клубот да заработува од маркетинг“, порача Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг